DSC_2947-685x320

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска се сретна со германскиот специјален претставник Јоханес Хајндл, кој престојува во Македонија.

Соговорниците разговарале за актуелната политичка состојба, создадената криза, како и за стратешките цели на државата вклучително и евроатланските интеграции на Република Македонија.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, како што соопшти партијата, истакнал дека се посветени кон изнаоѓање на решенија кои би значеле брз излез од политичката криза. Груевски посочил дека е потребна волја и посветеност на сите субјекти, како и нивна активна партиципација и искрен пристап.

– Интерес на државата и на сите граѓани е надминување на кризата и враќање на патеките на напредокот и економскиот развој. Граѓаните посакуваат решенија кои ќе значат враќање на нивната сигурност, но и спокојство, рекол Груевски.

Тој посочил дека секое решение треба да биде базирано врз почитување на волјата на граѓаните и нивното расположение како главна определба и носечка сила во градењето и развојот на демократското општество.

Груевски нагласил дека во носењето на своите одлуки поаѓа од интересот на граѓаните и почитување на нивната волја, притоа запазувајќи ги државните интереси.

Во поглед на интеграциските процеси, Груевски истакнал дека стратешки интерес за државата е членството во Европската Унија и НАТО алијансата и оти континуирано се преземаат мерки и активности поврзани со реформската агенда.

Слични содржини