(ВИДЕО) Средба на партиите од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ: Ахмети и Груевски очи во очи

од Vladimir Zorba

ВМРО-ДПМНЕ ќе отпочне преговори со ДУИ за состав на новата влада. Преговорите ќе се водат на највисоко ниво, односно меѓу Ахмети и Груевски, информира Телма.
Партиите од „Коалицијата за подобра Македонија“ на денешната средба му дале подршка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски но дел од нив побарале од него да не ја прифати платформата на Партиите на Албанците.

Од ДУИ велат дека отпочнувањето на преговорите не значи договор за коалицирање. Се ќе зависи од испорачаните и прифатени барања. Дури потоа ДУИ ќе одлучи дали ќе му биде владин партнер на ВМРО-ДПМНЕ. Ахмети ќе побара од Груевски Албанскиот јазик да стане официјален, да се отвори дебата за знамето, химната и грбот, да се реши спорот со името, рамномерна буџетска распределба, непристрасно вршење на работата на СЈО, усвојување Резолуција во Собранието со која се осудува геноцидот врз Албанскиот народ. ВМРО-ДПМНЕ очекува тешки преговори.

Целиот текст може да го прочитате тука

Слични содржини