Средношколците од скопската гимназијата „Јосип Броз – Тито“, посочуваат дека денеска било мошне тензично. Имало туркање со намера со сила учениците да влезат во училниците и да ја следат настава. Тие укажуваат дека  во гимназијата утринава влегла и крим полиција, бидејќи имало дојава за нелегални активности

Screenshot_4

„Имаше крим полиција, ни беше пријавено дека е снимано од вториот кат во аулата. Најмногу притисоци има од страна на персоналот. Професорите се закануваат и ги уценуваат учениците бојкотот да се одржи во училниците, а во спротивно ќе им запишат неоправдани отсуства од часовите. Им забранувале да стојат во аулата, дури им забранувале да одат во ве-це и не биле пуштани од училниците за време на мал одмор„, вели Ѓорѓи, член на Средношколскиот пленум за А1Он

И средношколците од гимназијата „Георги Димитров“ велат дека трпеле притисоци од страна на професорите, кои ги терале да потпишат пријави за државна матура и ги убедувалее дека доколку не го сторат тоа веднаш, ќе бидат оневозможени да полагаат матура и да се запишат на факултет.

Им било кажано дека заради неоправданите отсуства нивните родители ќе плаќаат глоба./извор А1Он

Слични содржини