Средношколците го најавија третиот протестен марш против, како што велат лошите реформи во образованието. Претставници на Средношколскиот пленум, денеска пред Министерството за образование и наука, потврдија дека на 24 април, ќе имаат поддршка и од Студентскиот пленум и од Наставничкиот пленум, како и од голем број родители, пренесе А1Он.

alekMilevski

„Ќе истраеме до крај во оваа наша борба, која трае веќе два месеца. Овој трет протестен марш го организираме заради игнорантскиот однос што МОН го има кон нас средношколците. Ние повеќе од 10 дена секој ден се јавуваме во Министертвото и никој не крева слушалка. Сите не одбиваат, не сакаат да се сретнат со нас да седнеме на маса и да ги соочиме нашите и нивните аргументи и така да постигнеме резултат„, вели Александар Милевски од Средношколски пленум./извор А1Он

Слични содржини