11198967_10205228251859064_1609443331_n

Средношколците,родители и наставници и денеска протестираа пред зградата на Министерството за образование и наука. Во знак на протест тие му свртеа грб на министерството, а на некои од полицајците кои ја обезбедуваа зградата им подарија цвеќе. Средношколците соопштија дека не се откажуваат од нивните барања, враќање на стариот концепт на матура и измени во екстерното тестирање. Тие го повикаа министерот Абдилаќим Адеми и неговиот заменик Спиро Ристовски на средба в понеделник.

Соопштија дека бојкотот на наставата продолжува, но  и дека судски ќе ги бараат своите права, ќе поднесат пријави до Обвинителството и претставки до судовите. На надлежните им порачаа дека ќе бараат правна разрешница за сите закани и притисоци врз нив.

Слични содржини