Средношколскиот-пленум од Битола објави видео снимки од кои се гледа дека во гимназија „Јосип Броз Тито“ намерно им се заклучувани тоалетите, за да се изврши притисок врз нив. Пленумци велат дека секојдневно имаат притисоци за прекин на бојкотот. Од од училиштето велат дека не е точно дека се заклучувани тоалетите и дека не се информирани за такво нешто.

Инаку се шири бојкотот на наставата во средните училишта, но и притисоците врз учениците во целина. Од Средношколскиот пленум велат дека матурантите кои се најзасегнати од реформите, нема да ги потпишат пријавите за полагање на државна матура се додека не се оствари средбата со надлежните и не бидат чуени нивните ставови.   Втора недела формалната настава ја бојкотираат и велешките средношколци кои бараат стопирање на екстерното тестирање и враќање на стариот концепт на државна матура.

srednskolci-620x433

По примерот на околу 18.000 средношколци, од вчера наставата ја бојкотираат и албанските средношколци од Тетово. Тие за денеска  најавуваат уште еден протест.

Средношколците се децидни дека нема да отстапат од своите барања. Евентуалната средба со надлежните според учениците ќе го стави бојкотот во мирување, но од конкретните решенија ќе зависи дали тој ќе биде целосно прекинат.

Иако  министерот за образование Адеми неколкупати најави средба со Средношколскиот пленум досега нема ниту една официјална покана за средба. Министерот единствено експресно брзо оствари средба со претставници на Средношколската унија-искреирана од власта, со кои беше договорено математиката да биде задолжителен предмет во државната матура за сите ученици, туку само за оние од природно-математичките насоки.

Родителите, јавноста прашуваат има ли министер за образование , има ли институции кои ќе седнат и ќе го решат проблемот или премиерот и министрите се зафатени со бомбите на опозицијата и гледаат само како да се извлечат себе си.

gruevsi-ademi-spiro

Школската година привршува , а министерот се крие и нема концепт што да прави со средношколците. Можеби може да проба да си даде оставка на пример,велат родителите. И тој и заменикот министер заедно и тоа е далеку помала штета отколку губење на годината или продолжување на учебната година за 18.000 средношколци во целата држава. Лесно е да се сликаат на промоција на книги но сега има конкретен проблем децата не се на настава а деновите се избројани.Чија ќе биде  одоговрноста  за тоа што некој се инаеетел и несакал да преговара, немал слух за барањата или немал капацитет да реши проблем и да спроведе и организира настава? Кој зема плата  за тоа , учениците сигурно не!

Слични содржини