На прес конференција на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на која бараа одговор од градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, за слободната зона Сачево, граѓански активист праша за парцелите на Груевски, на што дел од советниците и упатија вербални и физички закани пред медиумите.

Советникот Душко Спасов, професор на земјоделскиот факултет при универзитетот Гоце Делчев физички ја повлече активистката настрана и го фрли транспарентот со Груевски, додека советничката Зулијана Иванова и упати вербални закани.

„Повлечи се да не те повлечеме како што треба“, и се обрати советничката Иванова на граѓанската активистка.

На новинарско прашање дали се исполнети ветувањата за слободната зона Свидовица, исто така во општна Струмица, но под ингеренции на Владата на Република Македонија, советниците одговорија дека на денешната прес конференција тие прашуваат, а не новинарите.

Извор: 24 Струмица

Слични содржини