(ВИДЕО) Судот одбил пристап на Европските новинари до Зоран Божиновски

од Vladimir Zorba
143958
За четири и пол месеци откако е во притвор новинарот Зоран Божиновски, кој штрајкува со глад, ослабел 20 килограми, пишува неговата сестра на социјалните мрежи, информира 24Вести.
Новинарот смета дека неосновано се држи под притвор и преку неговиот адвокат порача дека е спремен да го заврши својот живот во затвор доколку не биде ослободен.
Му носевме по 10 кг книги весници, енциклопедии. Со тоа се храни. Последниве денови не излегува надвор на редовна едночасовна прошетк,а бидејќи штеди енергија за да издржи повеќе. До сега се нема случено да има било каков обид за негово малтретирање од било кој вид. Се однесуваат со него со почит и внимаваат на неговата безбедност – Билјана Столе Божиновски.
На претставници од Европската федерација за новинари се уште не им се дозволува да го посетат Божиновски. Од Кривичниот суд воопшто не одговориле на нивното барање. Во интервју за порталот НоваТВ, генералниот секретар Рикардо Гутиерез вели дека до сега федерацијата не се сретнала со случај каде новинар е обвинет за шпионажа и уцена.
Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини