(ВИДЕО) Тајност во партиите околу преговорите за Влада

од Vladimir Zorba

Молк во ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за текот на преговорите, информира Телма.

Детали не се соопштуваат, јавноста е изолирана од информации. Двете партии велат дека секој кажан збор може во овој момент да му наштети на процесот. Се уште имало време, а за 4 дена кога истекува и рокот за состав на влада ќе се дознаело се.

Она е што е познато е дека е отворено прашањето за употребата на албанскиот јазик и негово регулирање со законски измени. ВМРО-ДПМНЕ побарале одредени консултации. Но камен на сопнување и натаму е СЈО. Двете партии се воздржуваат од каков било коментар за ова прашање. И едните и другите не отстапуваат од ставовите, ДУИ е за продолжување на мандатот, ВМРО-ДПМНЕ не дозволува.

Без оглед на епилогот и Груевски и Ахмети се свесни дека без обезбедување двотретинско мнозинство тоа не може да се случи. Деновиве лидерот на ДУИ е и под под силен притисок како од своите сопартијци така и од дипломатски претставници. Во партијата постои голема поделеност со кого да се коалицира, дали со Груевски или со Заев.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини