(ВИДЕО) Teлма тврди: ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ начелно ги усогласиле ставовите околу двојазичноста – Уставот нема да се менува

од Vladimir Zorba

ВМРО –ДПМНЕ и ДУИ начелно ги усогласиле ставовите околу двојазичноста, велат за Телма извори од преговарачките тимови.

Уставот нема да се менува, а ова прашање ќе биде регулирано со измени на Законот за употреба на јазиците. Во Собранието ќе се формираат работни групи кои ќе работат на сите отворени прашања. Ставот за СЈО останува непроменет. ВМРО – ДПМНЕ нема да прави отстапки за продлжување на мандатат. Антонио Милошоски информира дека преговорите меѓу Груевски и Ахмети деновиве ќе се интензивираат. Очекува позитивен исход со оглед на фактот според него што постојат позитивни сигнали за коалицирање на двете партии.

И од ДУИ велат дека нивната цел е да формираат Влада а земјата да излезе од политичка криза. Логично е победник да коалицира со победник, пракса што се воспостави со мајскиот договор во 2007 година. Најнеповолна опција за ДУИ е повторно да има предвремени избори. Дали ќе има отстапки од црвените линии, ќе успеат да се договорат или не ќе биде соопштено на 29 јануари, рокот во кој мандатарот Груевски е должен да ги достави програмата и составот на новиот владин кабинет.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини