Колку се возбудени луѓето да ја видат Ема Вотсон како милата Бела во „Убавицата и ѕверот“?beauty-and-the-beast

Доволбо за да Hollywood Reporter, објави дека првиот тизер на филмот е најголем број пати гледан трејлер некогаш, во рок од 24 часа од неговото објавување.

Тоа значи дека е прегледан повеќе пати и од трејлерот “Star Wars: The Force Awakens”во првиот негов ден на објавувањето.

Новото дело на Дизни, „Убавицата и ѕверот“ ќе ги собере филмските ѕвезди Ема Вотсон како Бела и Ден Стивенс како принцот Адам/Ѕверот. Иан Мекгрегор и Џош Гад заедно со Иан Меккелен исто така ќе учествуваат. Алан Менкен се враќа за да го компонира филмот.

Ова е најголемата адаптација на Дизни досега. Се очекува да собере преку 1 билион долари.

Филмот излегува во кината на 17 мај, 2017.

Слични содржини