(ВИДЕО) Тотален шок: Ѕверски убиена, а потоа бил изгорен трупот на пејачката што ја исполни легендарната песна Ламбада

од Vladimir Zorba

Непознати се вртеле околу домот на пејачката пред убиството.


Во Рио де Жанеиро е убиена и изгорена во возило бразилската пејачка Лоалва Бразил, која стана светски позната ѕвезда во 1989 година по нејзината изведба на песната Ламбада. Ова го соопшти интернет порталот UOL.
Според податоците на порталот, 63-годишната пејачка била пронајдена изгорена во автомобилот. Од полицијата велат дека во домот на пејачката пред загинувањето биле забележани две непознати лица.

Лоалва Бразил е родена во бразилската престолнина во 1953 година. Таа светски позната станува, отако се сели да живее во Франција. Таму таа станува солистка на француско-бразилската група Каома, со која таа ја исполни песната «Lambada»

Слични содржини