Почетна / Актуелно / (ВИДЕО) Трамп подаде рака кон Путин: Корисно е, ако ме сака!

(ВИДЕО) Трамп подаде рака кон Путин: Корисно е, ако ме сака!

Не знам дали ќе се разберам со Владимир – се надевам дека ќе е така, изјави новоизбраниот претседател на првата прес конференција.


“Ако на Путин му се допаѓа Доналд Трамп, тоа го наоѓам за корисно, а не за штетно (…) Не знам дали ќе се разберам со Владимир Путин. Се надевам дека е така, но има голема шанса да не е. Но и да не е, мислите ли дека Хилари ќе беше поцврста со него од мене? Некој во оваа соба верува ли? Не се шегувам “.
Ова, го рече избраниот претседател на САД Доналд Трамп на првата прес-конференција во одговор на прашање дали смета дека рускиот претседател Владимир Путин сакал да му помогне да победи на изборите и дали би ја укинал одлуката на претседателот Барак Обама да протера 35 руски дипломати поради информациите на разузнавањето, кој го покажуваа тоа.
Неколку часови пред прес конференцијата серија американски медиуми објавија дека имаат пристап до документи на разузнавањето, во кои се тврди дека Русија имала компромитирачки информации за приватноста на избраниот претседател и дека Кремљ и штабот на Трамп ги разменувале информации, корисни и за двете страни .

Сајтот BuzzFeed ги објави документите со предвид дека информациите од нив не е проверена и докажана, но “Гардијан”, “Њујорк тајмс” и CNN не го направија тоа токму со образложение дека не се сигурни во добиените информации.

Сепак, нагласуваат тие, очигледно станува збор за доволно значаен извор, бидејќи информациите се доставени на претседателот Барак Обама, на Трамп и лидерите, клучни за националната безбедност во Конгресот – раководителите на републиканци и демократи, како и на комисиите за разузнавање во двете комори. Трамп жестоко ги отфрли обвинувањата.

На прашањето дали всушност располагал со овие информации Трамп возврати дека овие средби се доверливи и не може да ги споделува. Тој повтори повеќепати дека тоа се “лажни вести” и повторно го обвини разузнавањето и непријателствата кон него и медиумите за ширење на овие податоци. Моите противници, се болни луѓе, го собрале ова ѓубре, рече Трамп. Тоа е апсолутна срамота.

Запрашан дали се плаши дека Русија поседува компромитирачки информации за него, Трамп рече: “Мислам дека ако имаа нешто требаше да се радуваат да го шират”.

Малку подоцна тој коментира дека насекаде во хотелските соби е полно со камери и ако не внимаваш, потоа брзо ќе се види на вести и како познат човек е навикнат на тоа.

По повод објавениот од разузнавањето извештај дека Русија го хакирала штабот на демократите и е под влијание на излезот од изборите, Трамп изјави дека се согласува дека тоа најверојатно е дело на Русите, но “нас не хакираае и други држави и други луѓе”.

Тој уште еднаш одби да направи јавна даночна декларација – решение кое упорно го подржува од самиот почеток на кампањата: “Само вие, новинарите, сте заинтересирани за тоа. И без тоа не можете да дознаете многу од даночни пријави, побрзо погледнете ги изборните резултати “.

На темата за потенцијалниот конфликт на интереси меѓу бизнисот и државната служба – темата на која требаше пресконференцијата да биде посветена целосно, адвокатката на претседателот објасни дека тој ќе се откаже од водство и менаџментот на сите компании и ги става под капата на Trump Organisation во корист на синовите Ерик и Доналд и стариот службеник Алан Вакзлбрг.

Неговата ќерка Иванка исто така ќе се откаже од своите позиции во империјата на татка си и ќе се пресели во Вашингтон заедно со нејзиниот сопруг Џаред Кашнер, кој ќе биде советник на претседателот.

Трамп ја повтори својата намера да укине и да го замени системот за здравствено осигурување, позната како Obamacare.