(ВИДЕО) Три пратенички се хоспитализирани по тепачката во турскиот парламент

од Vladimir Zorba

Во турскиот парламент се степаа пратенички, три од нив се хоспитализирани.

Тепачкатата во турското собрание, кулминираше откако независната пратеничка Ајлин Назлиака се врза со лисици за говорницата во знак на протест на усвојувањето на уставните реформи за проширувањето на овластувањата на претседателот Ердоган.

Назлиака ги повикуваше пратениците да ги отфрлат предлозите за уставните реформи предложени од владејачката Партија на правото и развојот . Во дискусијата за клучниот осми член од законот, нејзините политички опоненти се обидоа да ѝ ги извадат лисиците и да ја отстранат од говорницата.

Во расправијата којашто премина во физичка пресметка се вмешаа повеќе пратенички и пратеници од различни парламентарни групи, по што во мешаницата повеќето биле полесно повредени, а три се хоспитализирани.

Две се задобија со повреди на нозете, а една пратеничка доби аритмија откако добила удар во градите.

Слични содржини