(ВИДЕО) Тројца убиени – семејна трагедија во скопско Глумово на Рамазан Бајрам

од Vladimir Zorba

Она што требаше да биде убав и празничен ден за жителите од скопско Глумово, се претвори во вистински кошмар, информира ТВ24.

Жителите жалат што токму на Бајрам, пукотници и убиства го одбележаа овој голем празник.

Грозоморниот чин се случил околу 10 часот утринава кога лицето Ш.С. дошол на гости кај своите синови во скопската населба „Ѓорче Петров 2“. Таму ги затекнал децата од неговиот брат и по куса расправија пукал во нив. Двајца од нив починале на лице место, а третиот бил ранет. Потоа Ш.С. се вратил кон Глумово, каде на среде улица го сретнал брат му и пукал и во него. Го убил на лице место.

Кога пристигнала полицијата, секунди пред да го фатат, С.Ш. си го вперил пиштолот во гради и се самоубил.

Во текот на целиот ден се вршеше увид на местото на настанот од страна на екипи на јавното обвинителство, полицијата и судска медицина.

Трагите од крвта беа се уште присутни. Жителите на Глумово со вознемиреност го следеа увидот. За настанот не сакаа да зборуваат пред камерата, но зад неа убиецот го опишаа како мирен човек, иако велат имало некои недоразбирања меѓу него и неговото семејство.

Четворица загинати и еден ранет е билансот од овој немил настан. И од МВР претпоставуваат дека најверојатно причината е семејна расправија, но истрагата ќе треба допрва да утврдува.

„Според првичните информации, причина за немилиот настан најверојанто се семејни недоразбирања, тројцата убиени повредениот и осомничениот се членови на едно семејство. Увидот е се уште во тек и по негово завршување ќе имаме повеќе детали за настанот“, изјави Ивица Илиевски од Министерството за внатрешни работи.

Претпладнево улицата „Панајот Гиновски“ во Ѓорче Петров како и патот кон селото Глумово беа блокирани за сообраќај. Материјалните докази собрани од лице место ќе бидат дадени на вештачење, а телата на обдукција, по што надлежните најавуваат повеќе информации за мотивите и причините кои стојат зад убиството.

Слични содржини