(ВИДЕО) Целосно забулена Бошњачка се кандидира на локалните избори

од desk3

image_5789011_126

37-годишна Бошњачка е првата целосно забулена жена која се кандидира за јавна функција во Босна и Херцеговина. Индира Синановиќ од Завидовичи се претстави пред гласачите, како прва жена, облечена во никаб, која се јавува на локалните избори, пренесува “Руптли”. Гласањето ќе се одржи в недела.

Синановиќ е мајка на две деца, работи како новинар и хуманитарен работник.

Во петокот таа организираше митинг на кој избирачите се запознаа со неа лично и со раководната нејзина програма.

Според Синановиќ жените кои ги носат традиционалните исламски облеки како никаб и хиџаб, се предмет на предрасуди. Пред публиката Синановиќ рече дека се надева дека со нејзината кандидатура ќе се разбијат овие предрасуди.

“Ќе борам против дискриминацијата и против искривената слика за жените кои носат шамии. Луѓето треба да имаат можност да се сретнат со нас и да разберат кои сме “, изјави Индира Синановиќ.

Слични содржини