(ВИДЕО) Успорувањето на ад-хок телото очекувано за аналитичарите?!

од Vladimir Zorba

snimateli

Изборите не се доведени во прашање со недоразбирањата околу формирањето на ад-хок телото што ќе ги набљудува медиумите за време на изборниот период, убеден е политичкиот аналитичар Алберт Муслиу. Успорувањето за него е очекувано, имајќи го предвид фактот дека ова тело ќе има многу комплицирани и важни овластувања, информира Телма.

Муслиу не е изненаден ниту од негативната кампања што се води околу потенцијалните кандидати Сефер Тахири и Даут Даути, едниот поддржуван од опозицијата, другиот од власта.

За Муслиу, одлуката за формирање на вакво тело е несреќно решение уште од самиот почеток. Фактот дека партиите требаше да предложат членови за набљудување на медиумите, вели, не е за поздравување и се надева дека сето ова ќе биде само привремено. Добро би било, потенцира, после изборите, партиите посериозно да пристапат кон формирањето на регулаторните комисии, односно, да ја ценат професионалноста , а не партиската припадност.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини