(Видео) Утре почнува новата сезона од серијата “Game of Thrones”

од desk2

Во недела на програмата на HBO ќе почне емитувањето на седмата сезона од ултрапопуларната серија “Game of Thrones” работена според романите на Џорџ Р.Р. Мартин.


Фановите на популарната серија со нетрпение го очекуваат почетокот на седмата сезона од серијата која според продуцентите ќе биде најнапната до сега.

Во еден од неодмна објавените трејлери може да се наговести дека гледачите конечно ќе имаат прилика да ги видат обединети завојуваните семејства со цел борба против заеднички непријател.

Шестата сезона од популарната серија заврши така што Серсеи успеа да ги победи своите противници со помош на оган, по што Томен ќе изврши самоубиство што нејзе ќе и овозможи преземање контрола над Железниот престол. Арја го уби Валдер Фреј, Џон Снов стана Крал на Северот, Бран откри дека Џон е всушност син на Лијана Старк, а Денерис заминакон Вестерос.
HBO претходно објави дека во седмата сезона главно епизодите ќе имаат иста должина како и во претходните, но последните две ќе траат како филмови.

Слични содржини