Вечерва по 43 емисии, ќе се емитува суперфиналето на музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“, каде ќе се натпреваруваат 10-те најдобри натпреварувачи, меѓу кои и нашиот Трајче Георгиев.

trajce_georgiev[1]

Трајче кој сега има 14 години преживеа подеми и падови на самодовербата, од срамежливо мало момче се претвори во голем пејач, но во ниеден момент не престана да воодушевува со својот талент.

За вечерва тој најави дека ќе настапи со неговата омилена македонска изворна песна која ја чувал токму за последниот настап, а додека го чекаме еве едно потсетување на прогресот кој го имаше Трајче за време на ова натпреварување, од неговата аудиција, до последната изведба во шоуто.

https://www.youtube.com/watch?v=3x5yrffL8WY

Слични содржини