(ВИДЕО) Victoria’s Secret 2016: Ангели, шоу, сексапил… во Париз!

од Vladimir Zorba

Се наближува овој високо очекуван момент од годината, во кој сите ангели од Victoria’s Secret се собираат на едно место, за да поминат по модна писта со култните крилја и да создадат вистински спектакл – годишната ревија на брендот.7321549aa6149f5f8895220cc86c3309

Додека ние сè уште имаме многу прашања како на пример дали ќе учествуваат Кендал Џенер и Џиџи Адид и кој ќе ги носи култните Fantasy Bra во вредност од милиони долари, имаме сигурна информација за едно – локацијата!

Оваа година, за прв пат во историјата на брендот, церемонија-спектаклот на Victoria’s Secret ќе ги пренесе најубавите жени во модната престолнина Париз.

Супермоделите се насочуваат кон градот на светлината и ја соопштија веста со специјално видео во кое се гледа дека дури се стискаат со својот багаж.

Моделите кои ќе ги видиме, ги вклучуваат ветеранката Адриана Лима, Алесандра Амброзио и Лили Олдриџ, а друштво ќе им прават новите лица Елза Хоск, Јасмин Тукс, Жозефина Скривер, Лаис Рибеиро, Марта Хант, Роми Стриџ, Сара Сампајо, Стела Максвел и Тејлор Хил .

Досега спектакуларните ревии на брендот обично се одржуваа во Њујорк, а исклучок е претставувањето во Лондон во 2014 и Кан во 2000 година.

Големата вечер на Ангелите е закажана за 5 декември, кога церемонијата ќе се емитува на CBS.

Додека ние ги броиме деновите до овој датум, можеме да уживаме заедно на новото видео на Victoria’s Secret.

Слични содржини