(ВИДЕО) ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ одбројуваат уште една недела, ќе состават ли Влада?

од Vladimir Zorba

Уште една недела останува мандатот во рацете на Никола Груевски за нова Влада, а во јавноста нема никакви информации за почнување преговори, а уште помалку дека е извесен некаков договор, информира 24Вести. И од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ велат дека немаат ништо ново што би соопштиле.

„Немаме никакви нови моменти. Кога ќе има нешто извесно јавноста благовремено ќе биде информирана“, велат од партиите.

Од последните средби на лидерот на партијата Ахмети со Груевски и потоа и со Заев, досега нема ништо ново. Засега се уште немаме ниту договорено дали и кога ќе бидат закажани консултативни средби на партиските органи за да ги утврдиме натамошните чекори.

Но, Груевски до 29 овој месец треба да го предложи новиот владин кабинет или доколку не успее да постигне договор, да го врати мандатот. Рокот полека истекува а нема ништо извесно од преземање на евентуални натамошни чекори.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини