Британскиот рекламен регулатор (ASA) забрани телевизиска реклама на нов смартфон, наоѓајќи ја за излишно сексуална.kazam

Видеото на локалната компанијата Kazam го рекламира “најтенкиот паметен телефон во светот”, но жената во црно-белот клип е користена како чисто сексуален објект, пишува The Verge. Заплетот покажува како млада жена пегла блуза, ја облекува  и тогаш го забележува паметниот телефон, врз кој веќе поминала пеглата.Само додека жената се движи низ станот по долна облека, камерата намерно ги покажува задните  делови, градите, а исто како таа “фрцка“ пред огледало.

Регулаторот појасни во својата одлука дека во крупен план се прикажани телесните делови, што не дозволува на гледачите никаква информација за рекламираниот производи. А тоа го нарушува рекламниот законик на Обединетото Кралство.

Значајно е и друго: регулаторот дознал за спотот од 8 поплаки на гледачи, според кои рекламата е “непотребно сексуална и ја навредува жената”.

Компанијата Kazam ја отфрли критиката со аргументот дека без “хероината” не би можела толку добро да го демонстрира  своето производство.

Всушност компанијата нема сопствено производство, туку ги купува мобилните уреди во Кина.

Слични содржини