(ВИДЕО) Во Нов Зеланд ќе разнесуваат пица со дронови

од desk3

Австралиски синџир за пици најави дека планира да ја пушти првата во светот услуга – испорака на пици со помош на беспилотни летала – дронови.

Проектот и тестирањата ќе започнат во Нов Зеланд оваа година. Тие ќе се спроведуваат во соработка со американската компанија компанија Flirtey. Таа е специјализирана во превоз на товар од беспилотни летала.

Компанијата за пици веќе ги проширува плановите за испорака на свои производи, исто така и во Австрија, Белгија, Франција, Холандија, Јапонија и Германија.

“Секогаш сме го сметале за смешно користењето на дветонски машини за испорака од два килограми”, рече директорот на фирмата Дон Меиџи.

Според него дроновите имаат голем број на предности во однос на традиционалните начини за превоз, тие не зависат од патишта или од автомобилскиот сообраќај. Минатата година во Нов Зеланд воведоа нови правила во областа на воздухопловството, кои овозможуваат да се користат дронови за комерцијални цели.

Слични содржини