(ВИДЕО) Во Сочи: Путин наместо да му помогне на Ердоган,  тој му ја турна столицата

од desk4

Рускиот претседател Владимир Путин, сакајќи да му помогне на гостинот кој беше дојден во Сочи, тој ја турна столицата на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, објавија руските медиуми. Тие го распространија ова мошне интересното видео од гафот на рускиот шеф на државата.

Инаку, во Сочи се одржа средба на високо ниво, на која присуствуваа двајцата лидери, како и иранскиот претседател Хасан Рохани. Главниот фокус на нивните разговори беше Сирија и начини да се стави крај на крвопролевањето.

На крајот на средбата Владимир Путин изјави дека сите земји мора да направат компромиси, за да има мир во земјата, која од 2011 година наваму е во граѓанска војна. Милиони Сиријци беа убиени или повредени во борбите. По изјавата за медиумите, Путин застана и се упати кон Ердоган да му помогне со столицата, но наместо да ја помести таа сруши. Кадрите беа споделени и на социјалните мрежи.

Слични содржини