(ВИДЕО ВО ЖИВО) Пучемон го почна говорот: Да живее каталонскиот парламент – целиот свет ги следи неговите зборови

од Vladimir Zorba

Судбоносниот говор на Карлес Пучдемон за иднината на Каталонија, кој беше одложена на еден час почна пред неколку минути штом пристигна во парламентот.

Шефот на каталонската влада влезе во салата, изгледа прилично мирен и седна во првиот ред од парламентот додека целиот свет го следи него односно дали Каталонија ќе прогласи независност.

Карлес Пучдемон излезе на говорницата на парламентот и ги поздрави сите собрани во салата велејќи дека е тука за да ги нагласи последиците од референдумот за независност.

„Јас не планирам никаква закана, никакви навреди. Ние сме одговорни за она што се случи. Треба да ги отстраниме ескалацијата и тензиите, а не да ги храниме повеќе. Ние сите сме дел од иста заедница и треба да одиме заедно. Никогаш нема да се согласиме со сè, но постојано докажавме дека единствениот начин да продолжиме напред е со демократијата и мир. Ова бара дијалог “, ова беа првите зборови на неговиот говор кој беше пречекан со аплауз.

Слични содржини