(ВИДЕО) Водителот на Би-Би-Си 4 минути молчеше – беше како риба на суво

од Vladimir Zorba

Четири минути, необични му требаа да преживее Хју Едвардс – водителот на вечерната новинска емисија на телевизија Би-Би-Си.

За гледачите сепак овие минути се покажаа доста забавни. Веднаш по почетокот на информациската програма Едвардс едноставно замолче. Како што подоцна објасни пресслужбата на Би-Би-Си, имало проблем со звукот.

Додека зад сцената експертите се обидуваа да го отстранат проблемот, Едвардс се обидуваше да изгледа мирен. Но така тој издржа само минута, потоа започна да ги менува позите, да чука со прстите по масата, да ги наведува веѓите и да бара нешто на компјутерот.

На крајот на краиштата и нервите на Едвардс не издржаа и тој почна да пишува нешто. Судејќи по страшниот изглед, водителот не успеа да ја задржи рамнотежата се додекаинженерите и сите останати не го вратија тонот во етерот.

На петтата минута звукот се појави, Едвардс се извини за техничките проблеми и започна програмата.

Гледачите на Би-Би-Си меѓувреме почнаа да изразуваат верзии за тоа што се случило, а меѓу нив се “грешка во матрицата” и “руски хакери”.

Слични содржини