(ВИДЕО) Вонредна вест од Белата куќа: Трамп го призна Ерусалим за главен град на Израел

од desk4

Вонредна вест пристигна од Белата куќа во Вашингтон во САД. Американскиот претседател Доналд Трамп го призна Ерусалим за главен град на Израел, а одлуката беше објавена за време на неговото обраќање, пренесуваат светските новински агенции.

Решив дека е време конечно официјално да го признаам Ерусалим како главен град на Израел, се вели во соопштението на американскиот претседател.

Неговата изјава доаѓа во лошо време, иако меѓународната заедница ја предупреди Белата куќа дека таков чекор би ги уништила основните на мировните процес за решавање на израелско-палестинскиот конфликт.

Голем дел од светските лидери и водечки дипломати претходно во средата и вторникот изразија несогласување со такво дејство, но тоа го направија откако стана јасно дека Трамп најверојатно ќе ја премести американската амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим.

Слични содржини