(ВИДЕО) Заев: 600 милиони евра за модерни и безбедни патишта во првите 2 години, поддржете живот!

од desk3

Во Планот за живот во Македонија, испланиравме нови 600 километри автопати, 550 километри магистрални и 1.000 километри локални патишта. Само во првите 2 години ќе вложиме 600 милиони евра за изградба на патишта.

На мапата може да ги погледнете главните патишта кои планираме да ги изградиме.
Велес – Прилеп – Битола – Меџитлија;
Штип – Радовиш – Струмица; – Граница со Бугарија;
Штип – Кочани – Виница – Делчево;
Западниот дел: Гостивар – Кичево, Требеништа – Струга – Ќафасан;
Источниот дел: Романовце – Крива Паланка – Граница со Бугарија, првата фаза експресен пат.

Патиштата низ Македонија се оштетени, руинирани и полни со црни точки, необезбедени за граѓаните, а оваа власт остави пустош во патната инфраструктура во Македонија, како и во сите други области. Ќе ги модернизираме патиштата со современа сигнализација и ќе ја зголемиме безбедноста во сообраќајот со санирање на сите црни точки.

Исто така, ќе ја намалиме цената на зелениот картон и ќе ги унапредиме и граничните премини за да се намали времето на чекање, со што ќе им го олесниме на граѓаните користењето на патниот сообраќај.

Крупни инвестиции во инфраструктурата се неопходни, бидејќи без инфраструктура не може да ја развиваме домашната економија.

Покрај патиштата комплетно ќе го обновиме и развиеме железничкиот сообраќај.
Како што може да видите на оваа мапа планираме приградски патнички сообраќај што ќе се состои од 4 краци во, и околу Скопје. Со нова пруга од Аеродромот Александар Велики до Скопје (Миладиновци). Освен тоа ќе изградиме нови пруги на неколку патни правци како што се Куманово-Бељаковце, Бељаковце-Куманово и Крива Паланка-Деве Баир.
Нашата намера е на секој граѓанин, без разлика дали живее во град или во село, да му се овозможи да има свој пристапен и сигурен пат, како и достапен, модерен јавен превоз. Брзиот и ефикасен транспорт ги намалува трошоците на компаниите, ја зајакнува конкурентноста и директно влијае на севкупниот раст и развој на македонската економија.

На овој начин, ќе им олесниме и на граѓаните во секојдневното функционирање.
Затоа, во недела на 11 декември, да ја дадеме нашата поддршка за Планот за живот и за нова модерна патна инфраструктура.

Да заокружиме четири, за живот во Македонија.

 

 

Слични содржини