(ВИДЕО) Заев: Ќе ја разобличиме комплетно неправдата и ќе има правда во Македонија

од Vladimir Zorba

Ви благодарам на вас новинарите и на вашите медиуми што ги следите ваквите случувања во македонското правосудство и продолжете да ги следите, како што тргнала работава комплетно ќе ја разобличиме неправдата во Македонија и ќе дојде време на правда во нашата земја, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, информира а1он.

„Денеска, како што бевте сведоци, се случи една катарза и врв на срамот во правосудството во Македонија. Златко Биковски, кој го водеше случајот Пуч, дојде да го заменува Владимир Милошевски.

Владимир Милошевски констатиравме, не е надлежен и нема надлежност да застапува вакво обвинение. Истиот тој Златко Биковски на претходното рочиште потврди дека тој има право да го застапува ваквото обвинение. Само по себе, ова претставува апсурд и контрадикторност, што само по себе го разобличува и го отвора како пупка сето она што се случува во македонското правосудство.

Ние сме тука исправени барајќи правда. Се надеваме дека правдата ќе дојде за сите во Република Македонија“ рече Заев./извор а1он

Слични содржини