П1: Кои ќе бидат вашите следни чекори по одлуката на Иванов?

Ние вчера ги кажавме ставовите и ќе ги повториме. Вчера е направен државен удар од страна на Ѓорге Иванов врз Република Македонија, согласно тоа урнисан е и Договорот од Пржино. Повикавме на протести, повикавме на улици, повикавме на обединување на сите граѓани, да се спаси Република Македонија. Денеска, ги повторувам овие пораки, и праќам порака до сите граѓани, да се приклучат на сите протести коишто во моментот се организирани на повик на граѓанските организации и одредени индивидуални личности во нашата Македонија, сите членови на СДСМ, повик принципиелен до сите граѓани коишто веруваат дека ова целото мора да биде спречено за повторно Македонија да се врати да биде нормална земја. Со нашите организации и повици на организирана форма на избори веднаш штом ќе ги донесеме одлуките ќе ги соопштиме, но ќе има такви одлуки, заради тоа што протестите се една од најизвесните работи коишто СДСМ како најголема опозициона партија ќе ги преземе во спрега на сите опции коишто ни стојат на располагање. Денеска ќе има и дурги активности, јас ќе оставам тие активности да ги соопштат другите наши претставници пред вас новинарите и соодветно да бидете информирани за сите овие активности. Во меѓусебна координација и комуникација сме со претставнците на меѓународната заедница, паралелно заедно со другите политички партии во Република Македонија, за да покажеме прво трезвеност, посветеност и внимателност кон целиот овој процес. Но, една е целта. Ова е режим, овој режим со сите наредни чекори се подлабоко влегува во кашата којашто ја замати и од тоа и тие самите се свесни дека излегување е можно само, потенцирам по пат на регуларни, фер и демократски избори. Согласно тоа оваа примарна цел Република Македонија, сите политичари, сите партипициенти и одлучувачи во државата, мора да имаат како приоритет, искрено и чесно поставени кон процесот за да ја постигнеме. Преку предвремени, регуларни, демократски и фер избори да го направиме првиот чекор кон нормализација на државата.

-Излезот-се-регуларни-избори

П2: Г-дине, Заев синоќа протестираа овде претставници на ВМРО ДПМНЕ и партиите од власта. Со оглед на тоа што и тие нема да се откажат од протестите, можни ли се судири меѓу граѓаните и како го оценувате нивниот протест овде?

Ова е дрскост и безобразие, незнам што воопшто протестираа и против кој. Да дошол барем Ѓорге Иванов и овде да ја потпишел таквата глупава одлука, налудничава, надвор од Устав и закон, ај да коментираме што било, но ВМРО ДПМНЕ и `се е можно, јас верувам дека сиве овие луѓе коишто се собраа синоќа, некоi 200-300 луѓе во близина на најголемата опозициska партија, не се виновни луѓе, тоа доаѓа од налудничавите промисли на врвот на раководство на ВМРО- ДПМНЕ. Она што денеска го воочивме, од досега не 100% потврдени информации, но прилично сериозни информации, дадени се повеќе од 100-тина аболиции и решенијата се веднаш спроведени во Службен гласник по затворите, по судовите, аболицирани се луѓе кои биле сведоци во постапките за кривичните пријави на опозицијата до правосудните системи. Ова само по себе покажува оркестрирана и организирана форма, којашто не е баш така како што вели Ѓорге Иванов, како чин кои самостојно го добил. Секако на повидок денеска ќе има одредени чекори и мегдан и ВМРО ДПМНЕ да се изјасни, дали навистина е фрапирана и изненадена од ваквата одлука, ќе има чекори за коишто секој може да се изјасни и да ги заземе позициите. Уште еднаш ги повикувам сите политичари, затоа што ова се однесува на политичарите како што соопшти Ѓорге Иванов, ги повикувам сите политичари да не ја прифатат аболицијата и да ја одбијат аболицијата. Само на тој начин ќе можеме да дадеме начин, шанса за враќање на правната држава, никој не треба да биде надвор од законот, законот мора да важи подеднакво за сите граѓани, секој којшто се огрешил пред закон да одговара, секој кој е невин да ја докаже својата невиност пред правосудните истанци. Од тој аспект сето ова е уште една кулминација на кризата и верувам дека трезвеноста којашто опозицијата ја покажува во целиот овој процес и конструктивноста во постапките ќе опстои од сите заради интересот на Република Македонија

П3: Ќе имате некој список по имиња кој е аболициран и што чекате од ДУИ и од ДПА?

Претпоставувам со Службен весник тоа што е објавено би требало да биде таа листа на аболицирани луѓе. Ние информациите ги имаме од некои институции каде што имаме наши пријатели кои можат да ја споделат нивната фрапираноста од целото ова што се случува. Одлуките по закон мораат да излезат јавно. Во Македонија `се е можно, може и да не излезат, кој знае. Но на крај верувам ќе допреме до сите овие одлуки како акти на аболиција коишто се донесени од страна на Ѓоргe Иванов. Јас апелирам согласно изјавите коишто се дадени од лидерите на политичките партии, да преземат и конкретни чекори. Што значи тоа, ако сам не поднесе Ѓорге Иванов оставка, да гласаме импичмент, да гласаме негово разрешување и да ја почнеме постапката којашто завршува во судска инстанца. Секако на крајот да ги превземеме сите неопходни чекори, ако може и одлуките да се поништат, тоа е најважниот дел, првата и најважна одлука е да се поништат овие одлуки како неуставни и незаконити. Само на тој начин да ја вратиме во нормала државата, процесите да важат пред судот за сите граѓани. Заради тоа што, реков и луѓето сега кои се во затвори, не се помалку луѓе од политичарите. Имаме луѓе за 100 ќебапчиња таму, имаме студенти кои протестираа на 5-ти мај претходната година, осудени во затвори и денес се сеуште таму. Имаме многу луѓе кои и се политички затвореници во затворите, имаме луѓе кои за ситна кражба можеби лежат затвор. Ова е недозволиво, ова е организиран криминал во Република Македонија и секој мора да носи одговорност за своите криминални постапки.

П4: А што очекуваме од ДУИ и од ДПА, мислите дека ќе дојдат во вашиот фронт?

Токму тоа. Очекувам да постапуваат согласно нивните изјави. Не се согласуваат со одлуката?! Ја сметаат за неуставна и незаконска?! Да ги преземат ваквите чекори, за поништување на одлуката, за отповикување на Ѓорге Иванов од функцијата претседател на државата и сите други следни чекори. Најважен дел е партиципација искрена кон создавање услови за регуларни, фер и демократски избори.

П5: Има најави дека следната недела на седница на Уставен суд ќе се укине Специјалното јавно обвинителство, иницијативата подолг период се чува во фиока…

Јас реков дека ова е најсериозната причина да граѓаните ја земат правдата во свои раце. И тоа ќе се случи. И не само што ќе се случи, опозицијата отворено испраќа порака, ако се случи од Уставниот суд одлика за поништување на Специјалното јавно обвинителство, ние ќе ги повикаме граѓаните да ја земат правдата во свои раце.

П6: Што значи тоа?

Тоа значи дека повеќе правен систем во Република Македонија не постои. Таа беше последната иституција којашто испраќаше искра надеж за враќање на правото и правната држава во Република Македонија. Тоа значи практично преземање на правните одлуки од страна на пленум граѓански, граѓаните кои најверојатно ќе изречуваат пресуди и ќе носат одлуки.

П7: Хан нешто повторно повикува на лидерска средба. Можно ли е такво нешто?

`Се што е во интерес на Република Македонија и нејзините граѓани, за опозицијата и за целиот конструктивен демократски амбиент проследен преку политичките субјекти, а верувам и преку граѓанските органзиации би требало да биде прифатливо за нaс како СДСМ. `Се што е во интерес на Македонија и на граѓаните на Македонија е прифатливо.

Слични содржини