(ВИДЕО) Заев: Концептот на заедништво е единствената иднина на Македонија

од desk4

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска ги посети граѓаните од населеното место Ропотово во општина Долнени и ја побара нивната подршка за новиот градоначалник на општина Долнени, Билал Каришик во вториот круг од локалните избори.

– Дојдов вечерва да побарам поддршка и да ви ветам ја имате сто посто мојата поддршка, на владата и на парламентарното мнозинство за сите проекти кои што се во програмата на Билал Каришик, порача претседателот Заев.

Тој посочи дека развојот на Долнени, на селата, на руралните средини ќе придонесе кон забрзан напредок и на прилепскиот регион и генерално на градовите низ Македонија.

Слични содржини