(ВИДЕО) Заев: Милетиќ се приклучи без да бара било каква позиција од СДСМ

од desk3

Конгресот на партијата, претходно Централниот одбор на партијата донесе одлука со што му даде целосно право на претседателот на СДСМ т.е мене да склучам договор со сите оние со коишто СДСМ одлучи да стапи во коалиција. Одлуката претходно е донесена, се што е со лева и центар оиентација заедно влегува во коалиција со граѓаните во Р.Македонија. Правото на коментар на одредени наши луѓе, поединци или било кој е право коешто претставува дел од оваа дебата којашто е отворена. Различноста е нешто коешто претставува здраво нешто за ова наше општество, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање.

П2: Колку ова незадоволство може да го намали рејтингот на опозицијата?

– Јас верувам воопшто не може да го намали. Мислам дека правото на дебата е квалитет на СДСМ, на граѓаните со сите свои различности што се вградени овде во оваа коалиција и е апсолутно здраво за Македонија, може да придонесе само во раст на рејтингот на здружената опозиција заедно со граѓаните на Македонија, одговори Заев.

П3: Дали ги заокруживте листите во сите избирачки единици и дали имате сеуште проблеми околу добивањето потврди од судот?

– Правниот совет во партијата интензивно работи. Знам дека вадиме и од кривична и од казнена евиденција за да не дојде до било каква дилема. Секако комплетноста на листите треба да биде завршена до вечер, до 24 часот кога ќе се поднесат листите и верувам дека ќе бидат обезбедени навреме сите документи за нивно поднесување, рече лидерот на СДСМ.

П4: Може ли нешто повеќе за тоа дека власта им се заканува на началниците кои ви ги дале материјалите?

– Еве вака нешто што е актуелно долг период, заканите во Р.Македонија се наше секојдневие и не е нешто ново. Знаете како она што јас го заклучив од она што е присутно во медиумите, разговорот со некој сведок на било која независна институција, посебно независната СЈО предизвика дополнителни притисоци од власта не само врз сведоците најверојатно и врз обвинителите и врз истражителите во СЈО. Не навлегувам во деталите заради тоа што тоа е работа на независна институција којашто е формирана, но секако го осудува заканувањето од било кој во Р.Македонија врз било кого без разлика дали е тоа сведок, дали е тоа обичен граѓанин, дали е работник, дали е бизнисмен…Ние во 1991 година одлучивме да градиме демократско општество кадешто слободите ќе бидат апсолутно апсолвирани во нашиот прагматизам секојдневно живеејќи го животот во Р.Македонија, рече Заев.

П5: Дали Милетиќ побара некаква позиција за да се најде во оваа коалиција и дали може да и се верува на оваа партија со оглед на тоа што СДСМ имаше претходно ено непријатно искуство со господинот Драган Милетиќ?

Јас еднаш изјавив и повторно ќе потенцирам и потврдам. Порано или подоцна, секој што се одважил, се охрабрил и тргнал да се бори против режимот, за да ја ослободиме Македонија и повторно да биде нормална земја, а тоа и допрва и уште ќе се случува, до последниот гласач на изборите е вредно за почит и за поддршка. Господинот Милетиќ се приклучи без да бара било каква позиција од СДСМ. Значи тој не бара пратеничко место. Бара фер шанса, да се покае за грешката и секако увидел дека режимот мора да го срушиме за да имаме нормална земја. И се приклучи без било каков услов во СДСМ, коалиционите партнери коишто беа веќе утврдени заедно со нас во коалиција и граѓаните кои што заедно со нас настапуваат, истакна Зоран Заев.

П7: Како го толкувате временото повлекување на Никола Груевски во нападите кон вас, сметате дека тој полека се повлекува?

Сето тоа е на ниво на шпекулации. Јас многу малку, и јас го коментирам нашиот политички противник заради тоа што генерално со завршувањето на проектот „Вистината за Македонија“ и предавањето на материјалите, завршив да ги давам сите детални коментари или посветеност кон нашиот политички противник. Сме посветени и ние комплетно на позитивна кампања. Со што сакаме пред граѓаните да ја испорачаме и ние нашата визија за Македонија. Но овие шпекулации коишто денеска ги слушаме сите се движат во правец дека врхушката на власта ветува насекаде дека по изборите повеќе нема да биде составен дел од власта, ама важно му било тие да победат. Знаете како, ние вршиме една, сите заедничка функција за нашата заедничка Република Македонија. Секој поединец, секој интелектуалец, секој новинар, секој политичар или слично, враќањето во нормала на Република Македонија и пораз на режимот е првото добро што ќе го направиме за Република Македонија. Но преку тоа ќе има и едно второ добро, само во опозиција партиите може да се реформираат. Јас верувам дека ВМРО ДПМНЕ е квалитетна партија со доминантно мнозинство на квалитетни наши сограѓани, коишто се и тоа како добредојдени во политичкиот амбиент на Република Македонија. Проблемот во таа партија е во врхушката на власт. И од тие причини, ќе им помогнеме и ним, ќе одат во опозиција и ќе се реформираат како партија, и ќе продолжат понатаму битките. Секако и на локални избори и после локални избори, но со економски концепти, со перспективи, со визии, со различности. Народот преку тоа да не бира и да не избира на избори за да ни ја дава одговорноста пред сѐ, но и честа да ја водиме нашата земја, рече опозицискиот лидер.

Слични содржини