Првиот опозиционер Заев денеска соопшти дека новинарот на германскиот весник Die Zeit  ја извадил од контекст неговата изјава за тоа дека во случајот Монструм невини луѓе лежат во затвор.
„Најверојатно е грешка во интерпретацијата на самиот новинар. Но сепак, големи сомневања се врзани за овој случај. Тоа го објаснувам јас и во самото интервју и секако со обелоденувањето на вистината за Смилковско езеро или процесот на Владата, Монструм, како што го нарекоа со кривичната пријава, ќе обелодени болна вистина.Сомневањата се големи, нашата намера не е да ставаме квалификации, но секако вистината штом ќе ја обелодениме, граѓаните ќе знаат што во суштина покажува таа вистина. Дека постојат големи сомневања за тоа што се случило со случајот Монструм“, изјави Заев по денешното објавување на 34-тата бомба

Слични содржини