Ова денеска како перформанс на сите нас хулиганите и хулиганките составен дел на оваа Шарена револуција беше чин на солидарност кон сите оние другари и другарки кои што се под мечот на неправдата и репресијата од страна на оваа власт за да споделиме повеќе илјади граѓани, вклучително и нас, лидерите на политичките партии, на понесување на одговорноста на фарбањето на институциите кои што се веќе делегитимирани во Република Македонија, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев по фрлањето на боја кон Министерството за правда, пренесе А1 Он.

timthumb (18)

– Еве сега нека не казнат сите нас. Нека го казнат Зоран Заев, Фијат Цановски, Билјана, Самка, сите што не гледате како претседатели на партиите и сите граѓани кои што се потписници, а се илјадници на број. Не може да не казнат сите, не може да не заплашат. Секој нареден чекор за заплашување значи само охрабрување на граѓаните кои што си ја сакаат Македонија да се врати во нивни раце, рече Заев.

Според него, ова е финале од кое нема бегање, секој во Македонија мора да одговара и законот да важи еднакво за сите.

 

А1 Он

Слични содржини