Изборот на министрите и на заменик министрите од редовите на СДСМ е само еден чекор кон незапирливот пат кој ќе ги донесе демократските промени во Репубика Македонија, рече Заев на прес-конференцијата пред главниот влез на Собранието, откако беше избрана техничката влада.

Заев 2

– Функцијата на овие луѓе е да бидат контролори и да ја гарантираат слободната волја на граѓаните. Во Македонија мора, треба и ќе има слобода и демократија – рече лидерот на СДСМ.

 

Тој потенцираше дека сега учеството на СДСМ во Владата има контролна улога, а дека на 24 април СДСМ ќе ги врати уставните и економски вредности, што сите граѓани ги бараат и ги заслужуваат.

На новинарско прашање, дали ќе остане градоначалник по предвремените избори наредната година, тој рече дека нема да биде градоначалник, затоа што ќе ја добие честа да ја води новата Влада на Република Македонија.

 

– Премиерот е тој што треба да даде оставка 100 дена пред одржувањето на избрите и треба да се формира нова влада, со нов премиер. После 24 април нема да бидам градоначалник, зошто ќе ја добијам честа да ја водам новата влада на Република Македонија – рече Заев во изјавата што ја даде прд Собранието, откако беа избрани министрите и заменик – министрите од редовите на СДСМ.

На прашањето дали министрите од СДСМ ќе имаат политичка одговорност за претстојните избори, тој рече:

– Еве вака, уставот и законот во Република Македонија се јасни. При тоа да не заборавиме на предлог на ВМРО-ДПМНЕ имаме партиски претседател во Република Македонија.  На предлог на ВМРО-ДПМНЕ, владата е управувана со сите министерства од страна на оваа власт која што сеуште опстојува. Надлежностите на новите министри и заменици министри се специфично прецизирани  во новиот закон за влада. ВМРО- ДПМНЕ има повеќе од 58 градоначалници во Република Македонија.

Социјалдемократскиот сојуз и опозицијата партиципираат во новата влада да бидат гарантори на спроведување на законите во Република Македонија. Сите сте сведоци дека во Македонија постојат закони. Во минатот период за време на изборите тие не се практицираа во пракса. Затоа сме влезени во оваа преодна влада на наше барање испорачано уште на 27 Април 2014 година, за да ја гарантираме слободно израената волја на граѓаните и апсолутно согласно својата партиципација таква ќе биде и одговорноста за фер и демократски избори.

Слични содржини