Претседателот Иванов не бил информиран за полициската акција во Куманово и затоа заминал на пат за Москва. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за „360 степени“, изјави дека на седницата на Советот за безбедност, премиерот Груевски се обидел да го брани Иванов за патувањето со образложение дека законите не дозволувале шефот на државата да биде информиран за акцијата.

timthumb (1)

Главниот уредник на ТВ Алсат-М, Мухамед Зеќири, кој гостуваше во емисијата, го повика Иванов да каже кои луѓе од неговото опкружување и институциите што се под негова надлежност имале контакти со криминалната група и со какви цели. И аналитичарот Сашо Ордановски изнесе сознанија за документирани средби на наши оперативци со криминалната група.

 

 

Слични содржини