„Лично Ѓорѓе Иванов ми се јави по телефон и ме повика на седницата на Советот за безбедност, а причината зошто отидов беше безбедносната состојба, а не политичкиот дијалог. Врвот на апсурдноста се покажа со тоа што меѓу сите луѓе таму задолжени за безбедносната состојба, бев и јас меѓу нив, осомничен за велепредавство и никој од присутните немаше замерка за моето присуство, па дури и потпишав безбедносен сертификат“- вели во интервју за 24 Вести претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Лидерот на СДСМ вели дека подготовките за протестот на 17 мај се во полн ек и дека СДСМ нема донесена одлука за евентуално одложување.

 

Извор:  24 Вести

Слични содржини