(ВИДЕО) Заев за БТВ: Никој не сака да ја дели Македонија, ќе остане унитарна

од Vladimir Zorba

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за бугарската БТВ најави дека очекува Ѓорге Иванов да го додели мандатот.
Ќе се случи тоа зошто тој пред јавноста кажа две неразумни причини. Сега требаат десет дена откако новиот претседател на Собранието ќе го извести дека има мнозинство. Исто така, за таканаречената “Тиранска платформа“ ќе одиме уште еднаш кај него, ќе му ја однесемене новата програма, каде се гарантира уставноста, унитарноста и евроатлантските нтеграции, рече Заев.

Тој кажа дека во нападот во Собранието заработил три конци на главата, двана челото и еден на устата, а нападот уште еднаш кажа дека е обид за убиство со умисла.

– Ова беше обид за убиство, три и пол часа без полиција, со извкувањето “убиј те ги“. Додека ја давав изјавата вратите на Собранието од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ беа отворени за да влезе толпата. Ова беше смислено сценарио на нашиот политички опонент кое нема намера да ја предаде власта, блокираат да не ја дадат власта, кога видоа дека најдовме начин, тие преку смислено сценарио, со отворање на шипките од вратите, нивните пратеници ги отворија вратите и ги пуштија луѓето за да дојдат, рече Заев.

На прашањето дека еден пратеник од БЕСА ја испеал химната на Албанија за време на седницата и дека то а е провокација, Заев кажа тој настан лично го осудува и дека во македонското собрание може да се пее само македонската химна.

-Се што имам ми е Македонија, јас сум Македонец, моите родители се Македонци. До сега по сите можни начини и јас и претседателите на албанските партии потврдивме дека нема да се менува унитарноста. Ова обвинување е единствено изговор од страна на ВМРО-ДПМНЕ да не ја предаде власта бидејќи се плаши од кривична одговорност.

Заев кажа дека ниту неој сака, ниту дека ќе ја дели Македонија. Тој потврди дека е новиот премиер, а за идната опозиција ВМРО-ДПМНЕ посочи дека сака да соработува.

Мораме да соработуваме заради реформите, заради граѓаните , рече Заев.

Слични содржини