Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, даде интервју за Радиотелевизија Словенија, на барање на телевизијата.

zz

Тема на интервјуто беа скандалите што ги објави досега СДСМ во коишто е директно инвволвиран Никола Груевски и неколкумина негови соработници од врвот на власта, како и можниот излез од длабоката политичка криза по делегитимирањето на власта, што се случи со обелоденувањето на коруптивните и изборните криминали.

Јасен е излезот којшто мора да се случи. Мора да замине оваа власт. Избори мора да се случат. Некој мора да ја подготви Македонија, и тоа кредибилен фактор, тоа се експерти, во форма на некоја предна влада, да ја подготват државата за избори. Граѓаните се тие кои преку слободно изразена волја ќе го дадат мандатот да си ја нормализираме земјата и да ги продолжиме чекорите кон Европската унија и НАТО, изјави претседателот Заев на прашањето околу натамошниот развој на политичката ситуација во Македонија.

Слични содржини