Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска даде интервју за белградското студио на ТВ Н1, ексклузивен информативен партнер на светската телевизиска мрежа CNN.

Скандалот со прислушувањето од страна на власта, упадот и инструментализацијата на судството, доказите што ги има СДСМ, целта на проектот Вистината за Македонија, рефлексиите врз актуелната политичка ситуација во Македонија, се дел од прашањата на коишто одговори претседателот Заев.

Ви испраќаме мал дел од интервјуто, одговор на претседателот Заев на прашањето на ТВ Н1, околу содржината на материјалите.

„Не е само прислушувањето. Прислушувањето е само по себе катастрофа.

Ако гледаме, повеќе од 20 илјади граѓани се прислушувани, тоа само по себе е катастрофа.

Но исто така има суштина во овие разговори.

Правосудство е едно.

На изборите што се случува, тоа е една друга катастрофа.

Што се случува со медиумите, катастрофа.

Што е случува со сите сектори на државниот систем, како тоа грозно функционира, како тоа е на зло на нашите граѓани…

Тоа го докажува овој материјал.“

Слични содржини