(ВИДЕО) Законот за албански јазик е спорен за преговарачите на СДСМ со ДУИ

од desk2

Законот за албански јазик и натаму отворен меѓу преговарачите на СДСМ и на ДУИ, дознава ТВ 24 од партиски извори.

Според неофицијалните информации, законското решение сè уште нема договор, а според најави се очекува да биде и најжешко прашање на ЦП на ДУИ кое ќе трерба да реши дали предлогот е прифатлив за да му дадат поддршка на Заев и на СДСМ со нивните потписи.

Неофицијално, иако од ДУИ не откриваат детали од предлог законот, од Мала Речица порачуваат дека тој не се однесува на целосна двојазичност што е барање и од програмата на ДУИ и од албанските платформи, а дел од членовите на ДУИ на состанокот ќе бараат и отчет зошто е тоа така.

Од друга страна, пак, дел од функционерите кои беа најгласни потив коалиција со ВМРО-ДПМНЕ велат дека законот за албанскиот јазик е согласно уставот и Охридскиот договор и таков треба да биде прифатлив за сите.

Освен за законот за албанскиот јазик, тимовите според информациите ги затвориле прашањата околу СЈО, ЕУ и НАТО, се разговара и за двете изборни програми на двете партии кои треба да се усогласат.
Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини