На крај на година сме, а земјоделците немаат добиено ниту денар субвенции за 2015.
Во програмата за директни плаќања во земјоделството потпишана од Никола Груевски, јасно стои дека согласно календарот на исплата на субвенции за 2015 година, краен рок за почеток на исплата на субвенциите за поледелците, производителите на добиточна храна и производителите на сончоглед и ориз требаше да биде во октомври.

Непрецизно Пржино: Груевски треба да поднесе оставка „навреме“, а Владата „во догледно време“

А овој месец треба да почне исплатата и на субвенциите за лозарите и овоштарите.

Тоа е виртуелниот свет на Никола Груевски кој и оваа година се обидува да манипулира со земјоделците и со парите кои им следуваат со закон.

Затоа сме во клучните ресори на владата. За да ги браниме интерсите на граѓаните, земјоделците, да ги спречиме злоупотребите и делењето субвенции пред избори.
Субвенциите се државна мерка а не партиска и тие мора да дојдат до земјоделците тогаш кога им се најпотребни.

Бараме и инсистираме веднаш да започне исплатата на субвенциите за 2015 година!

Слични содржини