134156

Затворениците со семејствата се подготвуваат за штрајк, претседателот Иванов молчи. На помалку од 24 часа од штрајкот ширум затворите низ земјава, од Кабинетот на Иванов се уште молк ќе има ли промена во неговиот став засега да не даде никакво помилување за двете илјади затвореници кои со петиција побараа намалување на казните за 30 до 50%, поттикнати од општата аболиција на Иванов со која беа опфатени 56 политичари и функционери, посочува 24Вести. 

Правниот застапник Звонко Давидовиќ кој исто така испратил писмено барање до Претседателот, вели дека во вакви услови на селективна правда, нема да биде мал бројот на оние кои утре ќе штрајкуваат.
Давидовиќ не предвидува колку штрајкот ќе трае, но ја остава отворена можноста ако ништо не се промени, тој да премине во друга форма на незадоволство. Вакви најави пред неколку дена дадоа и самите затвореници – тие посочија дека ако Иванов не ги прифати нивните барања, штрајкот може да заостри, па дури и да се штрајкува со глад.
Целиот осврт можете да го видите тука

Слични содржини