Опозицијата денеска од пред македонската Влада ја презентираше 34 -тата бомба за владеењето на Груевски

“Три оставки не се доволни, не се мачи Груевски и не барај нови жртви. Твојата оставка ја бара Република Македонија, ти си налогодавачот и ти си нарачателот на матните игри.Од кумот на Никола Груевски, Зоран Ставрески, слушнавме признание како тие во власта не се нормални, додаде тој. Денеска Груевски ќе ви признае: „Не и оди работата на оваа влада“, „Еден голем проект не и тргна на владата“, „Една хидроцентрала не изгради владата“. Од Груевски ќе слушнете како тој за себе и за соработниците лично вели: „Нас нешто ни фали“. За да го покрие она што фали, , Никола Груевски од позиција на премиер најдрско влегол во невидено беззаконие” – изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев

Аудио снимките на денешната прес конференција ќе ги исцртаат јасно контурите на владетелот, кој за да опстои ги поништил Уставот и законите и станал „deal oriented“, а потоа тоа го побарал и од своите најблиски соработници, рече Заев на почетокот на објавувањето на 34-та т.н. бомба на опозицијата.

 

Слични содржини