bitola

Демонстрантите се движат кон зградата на Владата. Илијадници граѓани претходно масовно се собираа пред СЈО за денешниот граѓански протест на Шарената револуција. Притоа тие извикуваа: „Никола, Никола, шутка не ти бега Никола!“.

На протестот е и лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој им се приклучи на демонстрантите и на Шарената Револуција. timthumb (4)

„Вечерва во 19 часот ќе се собереме пред нашата тврдина, симболот на правдата – Специјалното јавно обвинителство! Ќе бидеме здружени, силни, одлучни и одговорни! Бараме граѓаните да бидат дел од решението на кризата и доаѓаме за да го осигураме нашето учество! Бараме криминалците да одговараат и ќе ги притиснеме институциите да покажат дека крадењето и угнетувањето не смее да бидат исплатливи дејности! Бараме преодна влада и не отстапуваме додека не се осигураме дека таа влада ќе обезбеди слободни избори и слободно гласање! Сограѓани од цела Македонија, се гледаме!“, се наведува во повикот објавен на страницата на Фејсбук Шарена револуција.

13487725_10154230261894804_1512039640_n 13480463_10154230261924804_912140421_n
„Ние не простуваме! Ние не дозволуваме преговори за нашата иднина и иднината на нашите деца водени зад затворени врати! Лути сме и гневни на политичките елити што предолго нè држат во статус кво со неуспешни и нетранспарентни преговори без учество на граѓаните! Доста ни е од преговори во кои ние сме нем и пасивен набљудувач! Нашиот глас мора да биде слушнат и од власта, и од опозицијата! И ќе биде слушнат! Ако не во таа мала соба за преговори, ќе нè слушаат од улиците и плоштадите на оваа држава!“, порачаа активистите од Протестирам.

Протестот се организира еден ден откако истече ултиматумот на Шареаната револуција со кој се барање до 18 јуни да се признае уствноста на СЈО и да запре прогонот и приведувањето на демонстрантите кои речиси секојдневно излегуваат на протести.

13480342_10154230268374804_1446842374_n 13487683_10154230267829804_284308943_n

Слични содржини