И како што најавија од “Шарената револуција”,  беа блокирани три мостови во Скопје.

 

Блокиран е мостот Мајка Тереза кај МАНУ.

Блокиран е и мостот Слобода.

Блокада има и кај мостот “Гоце Делчев”. #Шарената Револуција го испиша бројот три на овој мост и напиша „Ситно броиме“

Граѓаните од “Шарената револуција”  се одлучија на блокади како јавен притсок врз власта за исполнување на нивните барања, за кои тие дадоа ултиматум да се исполнат до 18 јуни.

Првото барање е произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО. Второто барање е запирање на прогонот врз демонстрантит, да се ослободат сите приведени и повлекување на сите кривични пријави од МВР за учество во протестите.
Третото барање е оставка од Владата на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ и формирање на преодна влада, како и формирање на специјално одделение во Кривичниот суд за случаите под јурисдикција на СЈО.
Четвртото барање е оставка од претседателот Иванов.

 

Слични содржини