cokolado

Шарената револуција“ денеска пред Управата за јавни приходи (УЈП) протестираше против задолжувањето на владата. Демонстрантите ги бојадисаа фасадата и прозорците на УЈП и со „пушки“ на вода, со боја испишаа „Шарена револуција“.

ujp-sharena

Пред зградата го поставија главниот транспарент на кој беше испишана познатата реплика од „бомбите“, „Трошиме за чоколадо, а немаме ни за леб“, а пред него беше поставена од џиновска макета од чоколадо.

Пред УЈП се пуштаа и бомбите во кои се слуша како министерот за финансии, Зоран Ставрески разговара со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и и вели дека „од исполнување туѓи хирови, едвај е собираат пари за плати“. На денешниот протест двајца говорници зборуваа за економската состојба и за задолжувањето. Универзитетскиот професор Драган Тевдовски рече дека се правеле споменици и фасади наместо болници, градинки и училишта. – Нема правда затоа што 30 отсто од семејствата во државата живеат со помалку од 15.000 денари месечно, а мала група на власт живее во луксуз, купува парцели, мерцедеси и слични работи. Овие луксузи се финансираат од наши пари, од даноци, казни и задолжувања. Затоа и има аболиција за луѓе на власт, а не за човекот кој продаваше коприви и за човекот кој беше гладен и украде ќебапчиња – рече Тевдовски.


Тој додаде и дека за да има правда и мир, трошењето на народните пари мора да е транспарентно и граѓаните да бидат контролори на власта. Исто така, според него, потребно е праведно оданочување, односно најсиромашните мора да бидат ослободени од плаќање данок, а најбогатите да плаќаат повеќе.

На протестот говореше и активистката Марија Џонс. Таа рече дека од зимата па до сега, неколку работи тргнале на подобро. Како пример го даде укинувањето на Законот за хонорарците, како и случајот за работничка од Велес која била избркана од работа затоа што не сакала да го врати регресот за одмор, а потоа го тужела работодавецот и го добила судскиот спор.

– Имам податок дека бруто домашниот производ од 90-те години на минатиот век е достигнат во 2006 година, а од тогаш се пораснал за 10 отсто. Епа, каде се парите другари? Сигурно не во нашите џебови – рече Џонс.

Протестот и денеска традиционално почна пред објектот на Специјалното јавно обвинителство. Граѓаните марширајќи низ центарот на градот пристигнаа до УЈП, каде и го завршија протестот и порачаа „Се гледаме утре во 18 часот пред СЈО“.

Протести на „Шарената револуција“ денеска се одржа во Штип, Делчево, Кочани,Велес, , Струмица,Прилеп, Битола, Кичево, Валандово, Радовиш, Ресен и Охрид./извор Мета

Слични содржини