timthumb (3)

Демонстрантите од „Шарена рвеолуција“ повторно се на улица. Од пред СЈО почна новиот вечерашен протест, со мотото: “Тоа не е кривично, тоа е прекршочно дело”.

Дел од демонстрантите носат транспаренти со ликот на Ставрески и неговата изјава од бомбите ClAb8tnWYAANpU1-1 (1)

‪#‎Протестирам‬ денес повторно на улица! Излегуваме на протест да потсетиме на барањата кои се уште не се исполнети. Прогонот кон борките и борците за правда не запира, а и Уставен суд се’ уште не се произнесува за уставноста на Законот за СЈО. Одлучни сме и посветени да ги применуваме сите форми на протест и отпор се до исполнување на барањата и ден потоа. Денешниот протест е посветен и на борбата против хомофобичните напади и говорот на омраза кој деновиве е значително присутен и насочен кон нашите ЛГБТИ другарки и другари. Протестираме за општество во кое ваквите напади ќе бидат соодветно осудени и спроведени. Протестираме за првда и слобода! Се гледаме на улица! Ќе има правда, ќе има мир!, е пораката која беше лиферувана на социјалната мрежа како подготовка за маршот на демонстрантите
13467617_10208189269182212_332116787_o
Од граѓанското движење за утре во 12 часот најавија блокади на три мостови – мостот Гоце Делчев, мостот Слобода и мостот Мајка Тереза.

Слични содржини