ukim (1)

Студентите од „Студентски пленум“ побараа одговор кој издал наредба за употреба на сила без правна основа со тоа што припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) и оклопни возила синоќа се распоредија пред седиштето на СПУКМ, каде што членовите на Студентскиот парламент ги заклучија кутиите од гласањето за избор на претседател.

На денешниот протест пред зградата на СПУКМ, членовите на „Студентски пленум“ рекоа дека припадниците на безбедносните сили, употребиле прекумерна сила за да го ослободат просторот пред СПУКМ каде студентите неколку часа чекаа да се изнесат кутиите во кои се наоѓаа ливчињата од гласањето. Во турканицата со полицијата, некои од студентите се здобиле и со лесни телесни повреди.

Стоејќи пред полицијата која и денеска ја обезбедуваше зградата на СПУКМ, студентите јавно ги прашаа дали штитат криминалци и тепаат студенти кои бараат правда.

– Бараме одговор од старешината на ЕБР кој издаде наредба за тепање на студентите. Го повикуваме министерот Чавков и старешината на Единицата за брзо распоредување да не тепаат поради прекршување на Закон за јавна чистота. Одговорот ќе го дадете на суд каде што ќе одговарате за употреба на сила без правна основа. Вашата униформа значи должност и обврска да ги штитите граѓаните и да ги спроведувате уставот и законите, а не да тепате деца – порача Ивана Туфегиќ од „Студентски пленум.“

Тие потсетија дека при вчерашното гласање за избор за претседател на Студентски парламент, пријавиле неправилности, односно кражба на кутии и избирачки материјал.

Демонстрантите фрлија неколку јајца на зградата на СПУКМ од каде што се упатија кон УКИМ.

На протестот вечерва поддршка на студентите дадоа нивните родители, здруженија како и „Шарената револуција“.

Ректорската управа на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ (УКИМ) закажа вонредна седница за понеделник, со почеток во 8 часот/ извор Мета

ukim (1) 13595385_10154087769089733_1167077405_n 13595659_10154087769139733_1104668007_n 13595979_10154087750179733_366533189_n 13563217_10154087751734733_248707390_n 13565346_10154087751674733_34902143_n

Слични содржини