Терористите си одмаздуваат за Џон Џихадистот и се радуватна  крвопролевање во социјалните мрежи со хаштаг “Paris in flames”

 пар

Одговорноста за крвавите терористички напади во француската престолнина ја презеде радикалната група “Исламска држава” (ИД), тврди италијанската телевизија Sky Tg24.

Каналот ја цитира изјавата на ИД, со што, а во пораката се тврди;

“Ова е одмазда за Сирија. Тоа е 11 септември за Франција “, изјавуваат џихадисти, правејќи аналогија со уривањето на кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк.  Официјално потврда на информациите на италијанските медиуми засега нема.” Тоа е поради сите зла кои Оланд ги изврши против муслиманите “, викал едниот терорист, кој влегол  во театарот” Батаклан “во крвавата француска ноќ, тврди  очевидец пред” New York Times

“.Младичот кој посакал анонимност, ги пренел  зборовите на терористот кој го  насочил својот гнев кон претседателот на Франција Франсоа Оланд. Според очевидци од “Батаклан” терористите извикувале   “Ова ви е за Сирија!”, алудирајќи на интервенцијата на Франција во коалицијата против Исламската држава.

Во меѓувреме уредникот на BBC Марк Јарбан напиша на Твитер дека поддржувачите на “Исламска држава ” ги поздравуваат нападите во социјалните мрежи со хаштага” Paris in flames “. Суровите терористички напади во Париз, во кои загинаа 153 лица, се одговор на ликвидирањето на британскиот државјанин Мохамед Емуаси или џихад Џон, кој стана популарен како сторител на повеќе егзекуции на заложници – новинари и хуманитарни работници.

Слични содржини